//
За иницијативата

Овој веб блог е креиран со цел да ги промовира и застапува ставовите на младите и младинските организации, како одговор на обидот да се креира и усвои Закон за млади кој дополнително ќе ја пасивизира младината во Македонија.

Во пресрет на собраниските процедури за усвојување на Предлог-законот за млади, предложен од Владата на Република Македонија, група од 35 младински и граѓански организации испрати барање до институциите (пратениците, градоначалниците, претседателите на совети на општините и меѓународните институции) за отворање на процесот во јавност и вклучување на младите во дефинирање на законските решенија.

Организациите кои се вклучија во оваа иницијатива забележаа нетранспарентен процес и исклученост на младите од дефинирањето на законските решенија, што резултираше со предлог-закон кој има големи амбиции и лоши механизми за реализација, за кој не се предвидени соодветни финансии и кој не ги препознава младите и нивните проблеми во Република Македонија. Дополнително, предлог законот ќе воведе повеќе бирократија, контрола и ограничување во младинското организирање.

Сметаме дека Предлог законот може да се подобри пред да биде усвоен и ги нудиме капацитетите на нашите организации со цел унапредување на позицијата на младите во државата.

Одобрувањето на предложениот закон во понатамошна процедура ќе им штети не само на младите во Република Македонија, туку и на целата држава во процесите на интеграција со Европската Унија, од причина што ваквиот закон не ги задоволува европските стандарди од оваа област и  е во директна спротивност со духот на младинската политика која се развива на ниво на Европа.

Во интерес на отворање на процесот за јавност, изработивме краток полиси бриф во кој се сумирани ставовите на 35 организации, поддржувачи на оваа иницијатива, како и студија која ги анализира предложените решенија и сугерира на политиките и праксите кои не смеат да изостанат како резултат од усвојувањето на закон за млади.

Advertisements

Дискусија

Сè уште нема коментари.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: