//
Архива

Uncategorized

This category contains 35 posts

Една птица пролет не прави – заеднички глас на младите од помалите етнички заедници

Јавна дебата: Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?   По 18 јавни дебати во 18 градови во Македонија, денеска се одржува финалната јавна дебата насловена „Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?“  на која имаше можност да се чујат проблемите со кои се соочуваат припадниците на помалите … Continue reading

Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?

Во вторник, 05 јуни 2012 година, со почеток во 13:30 часот во ЕУ инфо центар Скопје, ќе се одржи финалната јавна дебата од циклусот јавни дебати „Република млади“ насловена „Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?” организирана од Иницијативата за одбрана на младинското учество [www.mladizakon.org], поддржана од 51 младински и граѓански организации. … Continue reading

Училиштето треба да создава активни и одговорни граѓани!

05 април, Гевгелија 60-тина присутни средношколци, студенти, претставници на младински здруженија и политички помладоци, вчера, во пионерскиот дом во Гевгелија, имаа можност да разговараат за своите проблеми и приоритети. Оваа дискусија беше организирана во рамките на циклусот дебати наречени Република Млади. На дебатата, свое кратко излагање имаа претставници од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Младински образовен форум, … Continue reading

Република Млади во Прилеп:Младите можат да бидат фактор!

Младите во светот претставуваат центар на моќта, прогресот и авангардата, но во Македонија на младите им треба сериозно будење и позиционирање како релевантен фактор – изјави Марко Богданчески, младински активист на јавната дебата во Прилеп. Младински образовен форум, Реактор истражување во акција и 49 други младински организации ја организираа 17та јавна дебата наречена Република млади, … Continue reading

Младите во Битола свесни дека проблемот со невработеноста е голем и се решава бавно

На денешната трибина од циклусот јавни дебати насловени “Република Млади“ која се одржа во Битола, најголем број присутни беа учениците од средните училишта. Во организација на неформалната коалиција „Во одбрана на младинското учество“ оваа дебата имаше цел да обезбеди простор за дискусија за проблемите, приоритетите и предизвиците на младите во Битола. Неда Коруновска од Реактор … Continue reading

Република Млади во Охрид: Кој е крив?

Кој е виновен за состојбата на младите беше главното прашање кое денеска го дискутираа младите од Охрид на тринаесеттата јавна дебата од циклусот Република Млади. Младите претставници од невладините организации и политичките партии дебатираа дали вината за пасивизмот лежи исклучиво кај младината или пак токму системот, државата и институциите се оние кои намерно ги “држат” … Continue reading

Струга е мојот град! Struga është qyteti im!

Младите од Струга денес во Американското катче имаа можност да дискутираат за нивните проблеми и потреби. Оваа дискусија беше единаесеттата во склоп на циклусот јавни дебати -Република Млади. Покрај секојдневните известувања за конфликти изминативе неколку дена, младите Македонци, Албанци и Турци од Струга покажаа дека знаат како заедно да дискутираат за заедничките проблеми, идеи и … Continue reading

Република Млади во Кратово: 82% од младите безнадежни дека може да влијаат на работата на властите

Вчера, во општинската зграда на Кратово, се одржа јавна дебата на која младите од овој град имаа можност отворено да зборуваат за своите проблеми и интереси. Десетта дебата во овој циклус Република Млади, ги предизвика младите во Кратово да поставуваат прашања, но и да бараат одговори од институциите. Младите кратовчани ги истакнаа недостатоците на овој … Continue reading

Младинскиот парламент треба да биде мост помеѓу младите и институциите

„Младинскиот национален парламент треба да биде мост меѓу младите и институциите“, рече Стојанче Цонев, ученик од училиштето М.М Брицо на јавната дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија, организирана од страна на неформалната коалиција „Иницијатива за одбрана на младинското учество“ Најдискутирана тема на дебатата беше младинскиот парламент. За младите во Делчево оваа … Continue reading

85% од младите во Неготино планираат да завршат најмалку факултет

Невработеноста кај младите е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат младите во Неготино. Според последните податоци од Заводот за статистика, 26% од младите во Неготино се невработени, а проблемот со невработеноста особено е потенциран во најстарата возрасна група, помеѓу младите на возраст од 25 до 29 години каде таа  е најзастапена. Во Неготино, … Continue reading