//
Вие читате...
Uncategorized

Училиштето треба да создава активни и одговорни граѓани!

05 април, Гевгелија

60-тина присутни средношколци, студенти, претставници на младински здруженија и политички помладоци, вчера, во пионерскиот дом во Гевгелија, имаа можност да разговараат за своите проблеми и приоритети. Оваа дискусија беше организирана во рамките на циклусот дебати наречени Република Млади.

На дебатата, свое кратко излагање имаа претставници од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Младински образовен форум, НВО Реактор, Младински совет Форса, општина Гевгелија и студент на Дисперзираните студии на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Меѓу пораките кои се појавија на самата дебата, се јави и тоа дека „училиштето треба да создава активни и одговорни граѓани кои ќе бидат вклучени во сите сфери од живеењето“, кажано од страна на Светлана Митровска, психолог во училиштето СОУ Јосиф Јосифовски. Понатаму, се бараше вина за апатичноста на младината во Гевгелија, која беше лоцирана кај младите, но и кај возрасните кои немаат интерес да се грижат за потребите на младите.

На дебатата беа разгледувани проблемите со иселувањето на младите од својот град, се зборуваше за невработеноста, за нискиот стандард, намалените можности за напредок на младите, зависностите како сериозна закана, и облиците на младинско здружување. Во Гевгелија живеат 4.767 млади луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години и сочинуваат само 20% од вкупното население во општината. Она што останува како проблем во оваа општина е што според истражувањата, најголемиот дел од средношколците би го напуштиле градот кога за тоа би имале можност, а само 30.6%, или помалку од една третина се гледаат себе си во родниот град за 10 години.

Сепак, младите беа охрабрувани со мислата дека „иако не можат да го исправат кривото дрво, секогаш ќе може да засадат ново“ за да не потклекнат пред моменталната состојба и да се борат за своите права.

Дебатите се потикнати од иницијативата „Во одбрана на младинското учество“ и е една од 18 дебати кои што се организираат во 18 града во Македонија со цел да се идентификуваат проблемите и приоритетите на младите и на крајот да се подготви Бела книга во која ќе бидат впишани овие нешта.

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: