//
Вие читате...
Uncategorized

Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?

Во вторник, 05 јуни 2012 година, со почеток во 13:30 часот во ЕУ инфо центар Скопје, ќе се одржи финалната јавна дебата од циклусот јавни дебати „Република млади“ насловена „Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?” организирана од Иницијативата за одбрана на младинското учество [www.mladizakon.org], поддржана од 51 младински и граѓански организации. Иницијаторите во изминатите неколку месеци организираа циклус од 18 јавни дебати во 18 градови во Македонија чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети.

На јавната дебата ќе се презентираат резултати од истражувања за позицијата на младите во македонското општество: статистички профил, невработеност, вклученост и граѓански активизам од страна на Младински образовен форум и Реактор – Истражување во акција. На трибината ќе говорат претставници од Младински образовен форум, Реактор, – УФУК – претставник од турската заедница,  Шадрван- претставник од бошњачката заедница, Румелија – торбешки културно научен центар – претставник од торбешката заедница, Национален ромски центар Куманово – претставник од ромската заедница, Совет на млади Власи – претставник од влашката заедница.

Дискусиите од дебатите ќе резултираат со Бела книга за поддршка на младите во Македонија, студија која ги дефинира проблемите и предлага решенија и ефективни политики за млади.

Advertisements

Дискусија

Коментарите се затворени.

%d bloggers like this: