//
Вие читате...
Uncategorized

Република Млади во Прилеп:Младите можат да бидат фактор!

ImageМладите во светот претставуваат центар на моќта, прогресот и авангардата, но во Македонија
на младите им треба сериозно будење и позиционирање како релевантен фактор – изјави
Марко Богданчески, младински активист на јавната дебата во Прилеп.

Младински образовен форум, Реактор истражување во акција и 49 други младински
организации ја организираа 17та јавна дебата наречена Република млади, каде зборуваа
со граѓаните во Прилеп кои се нивните проблеми и приоритети и какво е нивното граѓанско
учество.

Младите на возраст од 15 до 29 години, учествуваат со 21 % во вкупното население, но со
26 % во вкупниот број на невработени во Општината. Периодите на невработеност на младите
имаат трајни оштетување врз младите и нивната социјална вклученост. Во Македонија само
4 % од младите директно се вработуваат после завршувањето на своето образование, додека
96% од младите го поминуваат макотрпниот пат на транзиција од образовен процес до
вработување изјави Неда Коруновска – Реактор истражување во акција.

Во моментов немамесистем кој ќе понуди решение како младите можат да ги изградат своите
ставови и да ги пренесат на институциите, на младите треба да им се обезбеди место каде што
ќе ги кажат своите идеи. Неформалната коалиција „Во одбрана на младинското учество“ смета
дека такво тело треба да биде националниот младински парламент.

Младите во Прилеп дискутираа за Националниот парламент и прашуваа за начинот на
функционирање и распределба на одговорност.

Кој ќе го назначи парламентот?

Дали младите во Македонија располагаат со капицетот да се вклучат во вакво тело?

Што ако државата не го подржи овој процес?

Доколку државата не подржи ваков процес, ќе мора да го направат тоа младинските
организациии самоиницијативно, да затропаат на вратите на институциите и да ги известат
за постоењете на ова тело. Но улогата на државата и на институциите да изградат ваков
демократски процес е огромна, во оваа насока државата треба да се откаже од дел од својата
власт и да им даде на младите сами да одлучуваат, само така младите ќе имаат желба да го
подобрат своето општество – изјави Марјан Забрчанец, Младински образовен форум.

Дискусиите со цел унапредување на состојбата на младите ќе продолжи и во интернет
заедницата. Како сумирање на целиот процес ќе биде изработена бела книга во која ќе бидат
вклучени сите предлози, ставови и проблеми на младите но и потенцијални решение за
подобрување на младинското организирање.

Организацијата на оваа дебата се спроведе со поддршка од Здружението за едукација,
бизнис и консалтинг од Прилеп.

ImageImage

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: