//
Вие читате...
Uncategorized

Младите во Битола свесни дека проблемот со невработеноста е голем и се решава бавно

На денешната трибина од циклусот јавни дебати насловени “Република Млади“ која се одржа во Битола, најголем број присутни беа учениците од средните училишта. Во организација на неформалната коалиција „Во одбрана на младинското учество“ оваа дебата имаше цел да обезбеди простор за дискусија за проблемите, приоритетите и предизвиците на младите во Битола.

Неда Коруновска од Реактор ја отвори трибината, презентирајќи ги податоците за невработеноста на младите во Битола. Иако невработеноста е карактеристично за сите средношколци во Македонија, истражувањата покажуваат дека младите битолчани значително почесто го бирале овој проблем како најголем: дури 28% од средношколците во Битола го гледаат ова како приоритетен проблем, споредено со националниот просек од 19.8%.

Никола Ристевски, средношколец, потенцираше дека за жал освен теоретски, нема ништо во средните училишта што поттикнува и го развива истражувачкиот дух кај младите, давајќи критика не само кон образовниот систем, туку и кон младите, истовремено повикувајќи ги своите врсници да се вклучат повеќе во активности надвор од училиштето и да станат проактивни граѓани.

Валентина Антиќ од Кровната организација на млади Србија, зборуваше за важноста од креирање на национално претставничко тело на младите за нивното искуство и процесот на креирање на кровната организација на млади, која претставува повеќе од 150 000 млади од Србија. Дејан Докузовски од Младински образовен форум, се осврна токму на потребата од креирање национален младински парламент, како едно од можните решение за давање глас на младите за решавање на нивните проблеми.

Еден од учесниците кој е воедно и дел од средношколското претставничко тело на своето училиште смета дека најголем проблем е што младите не можат да осетат дека имаат некаква моќ, бидејќи и покрај тоа што упатуваат барања и ги изнесуваат проблемите со кои се соочуваат, ретко кога некој со одзива на нивните барања.
Учесниците сметаат дека ваквите дебати се од особено значење, бидејќи тие покажуваат дека се прават обиди за подобрување на состојбата на младите , но истовремено сметаат дека ваквиот процес ќе оди бавно бидејќи повеќе од очигледно е дека е тешко да се искорени невработеноста.

Младите го коментираа и проблемот на слабата економија во државата како и ефтината работна рака, кои директно наметнуваат одлив на мозоци. Младите сметаат дека за да се подобри ваквата ситуација треба да се почне со промени во образованието, но никако да не се заборави дека се потребни огромни промени во целиот систем на функционирање на државата.

во Битола живеат 20.148 млади на возраст од 15 до 29 години, и сочинуваат 21.5% од вкупното население. Но доколку институциите и младите не го срушат јазот помеѓу нив и почнат да комуницираат, ниедна статистика и истражување нема да помогне.

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: