//
Вие читате...
Uncategorized

Република Млади во Охрид: Кој е крив?

Кој е виновен за состојбата на младите беше главното прашање кое денеска го дискутираа младите од Охрид на тринаесеттата јавна дебата од циклусот Република Млади. Младите претставници од невладините организации и политичките партии дебатираа дали вината за пасивизмот лежи исклучиво кај младината или пак токму системот, државата и институциите се оние кои намерно ги “држат” младите под контрола.

Заеднички е ставот дека младите треба да бараат повеќе, да бидат гласни и артикулирани во своите ставови, а во исто време државата да овозможи канали и процедури со кои ќе го вреднува младинскиот активизам и ќе овозможи учество на младите во одлучувањето.

Системот на студентско и средношколско организирање беше посочен како типичен пример на ставање рака врз младинските акции од страна на државата и партиите, а беше потенцирана и потребата од формирање на Национален младински парламент како највисоко претставничко тело на младите.

Претставниците на политичките партии и организациите беа едногласни во констатацијата дека Предлог-законот за младите не беше изработен транспарентно и не содржеше решенија кои се во интерес на младите и го поздравија неговото повлекување од собраниска процедура.

Активизмот и организирањето на локално ниво мора да продолжи и да се интензивира, за што се потребни директни активности во рамките на училиштата и факултетите. Образовниот систем не гради активни и креативни граѓани, за што е потребна итна реакција од страна на одговорните институции.

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

  2. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: