//
Вие читате...
Uncategorized

Младинскиот парламент треба да биде мост помеѓу младите и институциите

„Младинскиот национален парламент треба да биде мост меѓу младите и институциите“, рече Стојанче Цонев, ученик од училиштето М.М Брицо на јавната дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија, организирана од страна на неформалната коалиција „Иницијатива за одбрана на младинското учество“

Најдискутирана тема на дебатата беше младинскиот парламент. За младите во Делчево оваа институција не е непозната и вакво тело било организирано на локално ниво и истото веќе не е во функиција. Младите како дел од причините за неговата неуспешност ги издвоија недостаток од координација и легитимитет на телото. Дел од неговите преставници биле активни а дел од оние кои треба да ги застапуваат младите во Делчево никогаш не се појавиле на состаноците.

Младите иако со негативно искуство за младинскиот парламент на локално ниво, сепак се заинтересирани за креирање на национално младинско тело и сметаат дека младинското организирање, доколку е добро спроведено, може да функционира.

Нивното мислење го дели и Тони Стоименовски- советникот за ЛЕР и планирање во Општина Делчево кој им предложи на младите, доколку има интерес, Општината би помогнала да се обнови младинскиот парламент соодветно на потребите на младите.

Во Делчево живеат 3.689 млади на возраст од 15 до 29 години, и сочинуваат 21% од вкупното население. Од нив дури 912, или 21.7% од вкупно пријавените 4190 се невработени. За сериозноста на овие проблеми говори и податокот дека само 11.9% од средношколците од Делчево би сакале да останат во родниот град, а дури 60.7% сосема би ја напуштиле државата кога за тоа би имале можности- вели Надица Таневска од Реактор истражува во Акција.

„Државата обрнува внимание кога младите ќе се здружат и ќе станат гласни“, сметаат младите во Делчево, можеби токму националниот парламент може да биде промената која ќе ја унапреди нивната неповолна состојба.

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: