//
Вие читате...
Uncategorized

85% од младите во Неготино планираат да завршат најмалку факултет

Невработеноста кај младите е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат младите во Неготино. Според последните податоци од Заводот за статистика, 26% од младите во Неготино се невработени, а проблемот со невработеноста особено е потенциран во најстарата возрасна група, помеѓу младите на возраст од 25 до 29 години каде таа  е најзастапена. Во Неготино, секој петти млад човек бара, а не може да најде работа. Mнозинство од младите неготинчани стравуваат за својата иднина и би го напуштиле градот, а една третина од учениците би ги напуштиле и градот и државата.
Според истражувањето за невработеност на младите спроведено од Реактор – истражување во акција, младите се повеќе се решаваат подолго да останат во образовниот систем. 85.9%  се изјасниле дека планираат да завршат најмалку додипломски студии. Овие млади се надеваат дека дипломите ќе им го олеснат добивањето на првото работно место, а дури 97% се изјасниле дека училиштето е важно за животот.
Младите во Неготино не се заинтересирани за подобрување на локалната средина и за решавање на проблемите во нивниот град, ниту пак веруваат во локалните власти. Нивната доверба кон невладините организации е малку повисока споредено со онаа кон локалните власти. Според истражувањата на МОФ и Реактор, 61.6% сметаат дека локалните избрани функционери не се грижат или малку се грижат за младите и нивните потреби, па не зачудува тоа што мнозинството (60.6%) не им веруваат или малку им веруваат на локалните власти дека работат за доброто на градот, а само 6.1% многу им веруваат. За жал бројките се само малку подобри кога станува збор за невладините организации, на кои нешто повеќе од половина (51.5%) не им веруваат дека работат за доброто на градот, а само 11.1% многу им веруваат.
Денешната трибина беше можност да бидат слушнати мислењата на младите од Неготино за проблемите со кои се соочуваат, но и за нивните идеи за унапредување на состојбата на младите, пред се во Неготино, но и во Македонија. Дел од дебатата се фокусираше и на младинското организирање, каде што се разви дискусија околу постојните форми на организирање на младите во Неготино. Ивица Златковиќ кој е референт по образование во општината истакна дека во Неготино веќе постои младински парламент кој функционира на ниво на општината. Тој смета дека младите и општината веќе ги согледале придобивките од овој парламент на локално ниво, па оттаму ја сфаќаат и поддржуваат потребата за тој да се формира и на национално ниво, бидејќи треба да се поддржи секоја активност која им помага на младите да стана по свесни за своите потреби и можности.
Предлозите на младите изнесни на оваа дебата ќе бидат составен дел од Белата книга за млади која ќе биде изработена по завршувањето на консултативниот процес наречен „Република Млади“.
Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: