//
Вие читате...
Uncategorized

Република Млади во Гостивар: Страв за иднината

Главниот проблем на младите од Гостивар е тоа што гласот на младите не успева да стигне до институциите кои треба да третираат младински проблеми. Младите имаат што да кажат, но нивните идеи не се слушнати.

72.2% средношколци сметаат дека не можат да влијаат или можат многу малку да влијаат врз работата на локалните власти. Оваа бројка ги поткрепува индивидуалните изјави на учесниците на дебатата кои, во повеќе наврати, кажаа дека имаат сериозен проблем со актуелизирање на нивните проблеми и потреби. Локалните власти, на многу јавен начин, фаворизираат само одредени потреби, кои тие ги сметаат за важни, а ги занемаруваат оние кои младите им ги посочуваат како значајни за нив.

Актерот Ѓорѓи Нешкоски истакна дека младите, покрај отпорот на институциите, кои младите не ги сметаат за доволно отворени, треба да бидат доволно силни и да не потклекнат. Тој смета дека самите млади треба да бидат упорни и да вложат многу за да создадат простор за заедничко, ефективно делување.

Енес Ибрахим, од НВО УФУК, посочи дека е потребно да се создаде добра младинска политика. „Потребите на младите се менуваат, затоа и стратегиите треба да се прилагодат на нивните потреби“, изјави тој.

Според него, доколку се креира добра политика, младите помалку ќе се соочуваат со овие проблеми и ќе добијат подршка од локалните власти.

„Овошјето во зима е поскапо бидејќи е ретко“, вака учесниците на трибината зборуваат за вториот проблем на младите – невработеноста.

33% од младите на возраст од 15 до 29 се невработени, а 2.551 лица на возраст  од 20 до 24 години активно бараат работа. Свесни за недостатокот од работни места, младите го продолжуваат високото образование што резултира со високо квалификували кадри кои не можат да се вработат. Учесниците на трибината истакнуваат дека се свесни дека пазарот не може да ги апсорбира кадрите, поради слабата економија и фактот што се повеќе млади луѓе се високо образовани. Тие јавуваат страв за својата иднина, при што често решаваат да се отселат како би добиле повеќе можности за вработување.

Заклучок на дебатата беше дека младите имаат бројни проблеми кои можат да се решат само доколку младите се сложни и здружени и оформат заедничко тело кое ќе ги претставува. Облик на здружување кој беше дискутиран е Младинскиот парламент.

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: