//
Вие читате...
Uncategorized

Република Млади – Јавна дебата [Скопје]

Јавна дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија.


Иницијативата за одбрана на учеството, поддржана од 47 младински и граѓански организации ве поканува на јавна дебата чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети.

Агенда:
10.45 – 11.00 Регистрација на учесниците

11.00 – 12.00 Невработеноста, образованието и перспективите на младите
Бојан Маричиќ – Македонски центар за европско образование
Јана Коруновска Србијанко, Реактор – Истражување во акција
Марија Игнатова – Youth Employability Skills Network (EDC)

12.00 – 13.00 Помеѓу недоверба и учество: за што се треба да зборуваме?
Марјан Забрчанец – Младински образовен форум
Matthias Christensen – European Youth Forum
Линдита Реџепи – Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово

13.00 – 13.15 Заклучоци – Неда Коруновска, Реактор – Истражување во акција

13.15 – 14.00 Коктел/кафе пауза

На настанот ќе бидат презентирани нови истражувања за состојбите на младите во Македонија и ќе се поттикне дебата меѓу младите за состојбите во кои се наоѓаат, проблемите со кои се соочуваат, нивните приоритети и можните решенија за унапредување на состојбата. Нашата цел е да се даде глас на ставовите на младите, за да се поттикнат сите институции на соодветен начин да ги земат предвид и да одговорат на барањата и проблемите на младината во Македонија.

На настанот ќе биде обезбеден превод од англиски на македонски.

Advertisements

Дискусија

Коментарите се затворени.

%d bloggers like this: