//
Вие читате...
Uncategorized

Младите ресенчани учат, а остануваат без работа

Република Млади во Ресен

Последните податоци од Заводот за статистика велат дека во Ресен живеат 3646 млади на возраст од 15 до 29 години кои сочинуваат 22.4% од вкупното население. Од нив, дури 682 или 27% од вкупно пријавените 2496 се невработени. Поразителен е фактот дека во најстарата возрасна група, младите на возраст од 25 до 29 години, невработеноста е најзастапена со тоа што дури 27.7% активно бараат, а не можат да најдат работа.

На денешната дебата од циклусот Република Млади ресенчани дискутираа за одлуката на младите подолго да останат во образовниот систем, што доведува до високо квалификувана млада работна сила на која не и се загарантирани работни места во транзицијата од образовниот систем кон пазарот на труд.

Кога станува збор за гласот на младите, тој повеќе се слуша во рамките на семејството, отколку во училиштата.

Елизабета Петревска, лидер на младината на Црвен Крст во Ресен, посочи дека младите одбираат да го напуштат градот поради пасивноста на самиот град, кој не ги потикнува младите на соработка со институциите, а со тоа и на решавање на младинските проблеми.

Младите дојдоа до заклучок дека заедницата ризикува да го изгуби својот младински капитал, доколку не обезбеди заеднички простор за нивните интереси, проблеми и потреби.  Дебатата ја посетија претставниците на повеќе ресенски организации кои беа недвосмислени во идентификација на тешкотиите со кои се соочуваат на локално ниво.

Иницијатива за одбрана на младинското учество

Advertisements

Дискусија

Trackbacks/Pingbacks

  1. Пингување: РЕПУБЛИКА МЛАДИ « Во одбрана на учеството - Јуни 4, 2012

%d bloggers like this: