//
Вие читате...
Uncategorized

Република Млади неделава во Ресен и Гостивар

Република Млади ви ја најавува петтата јавна дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите која ќе се одржи утре, 14ти февруари во Ресен. Во сабота на 18ти февруари се гледаме во Гостивар.

Поради отежнатите временски услови и препораките на младите активисти од локалните заедници, јавните дебати во Охрид, Дебар Прилеп и Струга ќе бидат одложени. Дебатите ќе се продолжат во месец март, а конкретните датуми за реализирање на одложените настани ќе бидат дополнително објавени. До тогаш, следете не на веб и на фејсбук.

На досегашните јавни дебати, најчесто дискутирани теми меѓу младите беа невработеноста, младинското организирање, јазот меѓу младите и институциите и учеството на младите во процесот на донесување на одлуки. Младите јавно говорат дека поминуваат низ низа потешкотии пред да дојдат до своето прво вработување, дека водат битка за нивниот глас да биде слушнат и разбран како важен и дека имаат сериозна недоверба во институциите кои би требало да се грижат за нивните права, потреби и интереси.

Многу млади не чуствуваат граѓанска одговорност да учествуваат во процесите кои се покренуваат за решавање на нивните проблеми. Ова чувство на недоверба се провлече низ досегашните спроведени јавни дебати во Тетово, Кичево, Велес и Штип.

Младите го гледаат моделот на Младински парламент како дел од клучните решенија за подобрување на  нивната позиција во општеството.

Дискусија

Коментарите се затворени.