//
Вие читате...
Uncategorized

Младите од Штип имаат идеи, ама не им се слуша гласот

Главен проблем на младите во Штип претставува недостатокот на младински глас во одлуките иако тие имаат идеи кои треба да бидат чуени, беше пораката на младите штипјани на дебатата која се одржа денес во хотел „Оаза“, дел од циклусот јавни дебати Република Млади.

Класичните структури на организирање на младите не функционираат и се занимаваат со прашања кои не се приоритет на младите, па дури ни реален проблем. Учесниците во дискусијата заклучија дека се потребни ефикасни средношколски и студентски организации преку кои учениците ќе може својот став да го кажат гласно и без страв дека ќе бидат цел на малтретирање од страна на претпоставените.

Фактот дека 77% од средношколците во Штип чувствуваат дека немаат реална моќ во одлуките на општината укажува на песимизам помеѓу учениците. Тие немаат искусено некој да им излезе во пресрет и да помогне во решавањето на нивните проблеми. Ученици од средните училишта кои беа гости на дебатата изјавија дека чувствуваат дека младите не се реален приоритет на општина Штип иако скоро една петина од населението во градот се состои од млади.

Во Штип се јавува феномен кој е нетипичен за останатите општини, а тоа е зголемувањето на бројот на невработени млади со завршени пост-дипломски студии. Ова укажува на тоа дека иако во општината континуирано се отвараат нови работни места, тие не одговараат на се пообразованата младина која влегува на пазарот на труд. Прашањето дискутирано на дебатата беше дали инвестирањето во високото образование станува неисплатливо во однос на иднината на младиот човек на пазарот на труд.

Во Штип живеат 10.639 млади луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години и сочинуваат нешто повеќе од една петина од вкупното население во општината. Според податоците со кои располага Агенцијата за вработување, само 1.129, или 10.6% од младите на оваа возраст се пријавени како невработени, иако е за поздравување тоа што рапидниот економски развој на општината ги вклучува и младите, се потикнува прашањето дали образованието е сила и моќ за младите во Штип.

Невработеноста на младите како и учеството на младите во процесите на донесување одлуки и придружните општествени промени може да претставуваат составен дел на обликувањето на идните перспективи на Македонија. Сепак, на национално и локално ниво, гласовите на младите избледнуваат пред да допрат до институциите. Нивната мобилизација и зајакнување треба да стане приоритет за македонските институции, граѓанското општество и засегнати страни за да се реализира целосниот потенцијал кој го има младата популација. За таа цел, 47 невладини организации здружени во неформалната коалиција ВО ОДБРАНА НА УЧЕСТВОТО се залагаат за претставување на младите во институциите, преку независен, самостоен, младински и ефикасен механизам – Национален младинскиот парламент.

Advertisements
%d bloggers like this: