//
Вие читате...
Uncategorized

Младите од Тетово согласни за Национален младински парламент

47 организации од Иницијативата за одбрана на младинското учество, денес, на 31 јануари, во Тетово ја организираа првата од серијата 18 јавни дебати за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија. Граѓанската пасивност, невработеноста и исклученоста на младите од носењето одлуки беа главните теми на кои гостите говорници и публиката дискутираа и нудеа решенија.

Младите преку дискусија побараа сами да одлучуваат како и кого ќе ги избираат за свој претставник во моделите на средношколско и студентско организирање, а апелираа и до општинските власти да ги вклучат сите заинтересирани млади при носењето одлуки на локално ниво.

Формирањето на Национален младински парламент е едно од суштинските решенија кои младинските организации ги презентираа во Тетово, а дискусијата потврди дека младите се заинтересирани да преземат одговорност за оваа демократска новост во Македонија. Младинскиот парламент треба да биде највисоко претставничко тело на младите во државата кое ќе ги застапува нивните интереси во процесите на одлучување на национално ниво. Неговата структура треба да овозможи учество на сите млади без разлика на нивната возраст, политичка ориентација, формално или неформално здружување, етничка, верска или друга припадност.

Младите сметаат дека поддршката за формирање на Младинскиот парламент треба да ја обезбеди државата, а при тоа бројот на негови членови да не биде ограничен и да ги вклучува сите форми на младинско здружување и организирање, преку почитување на соодветна и правична застапеност на сите заедници.

Националниот младинскиот парламент треба да учествува во имплементацијата и евалуацијата на Националната младинска стратегија, да иницира истражувања и студии за проблемите на младите, иницијативи за подобрување на законските решенија од значење за младите, да соработува со меѓународни младински организации и тела и да обезбеди соодветно претставување на младите од Македонија во Европскиот младински форум.

„Ја поздравувам иницијативата и кажувам дека и ние бевме дел од оваа активност за формирање на парламент. Постојано ја даваме нашата поддршка и ќе продолжиме да ја подржуваме оваа иницијатива. Сметам дека на овој начин младите ќе имаат можност да се искажат и секој млад човек ке може да го даде својот придонес без разлика на припадност на политичка, верска и етничка припадност“ – Беким Мемети, Претседател на унија на млади сили на ДУИ.

Предлогот на организациите иницијатори за формирање на Младински парламент во изминатите месеци беше дискутиран и поддржан и од страна на партиските подмладоци на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА.

Невработеноста на младите и нивната недоверба во институциите се само дел од младинските проблеми за кои се потребни решенија, беше еден од заклучоците на денешната трибина.

„Големата недовербата на младите во институциите согласно резултатите од вашето истражување е затоа што институциите не нашле начин како да допрат до младите, да ги вклучат младите во донесување на одлуки, како и да ги запознаат и вклучат младите во нивната работа и да ја зголемат оваа доверба. Тогаш кога за овие работи ќе се потрудат институциите ќе можат многу да им помогнат на младите.“ – Валон Садику, Регионален координатор за проектот YES мрежа – Educational Development Center – EDC

„Младите се најнеповолни во однос на статусот со невработеноста на пазарот на труд.  Се поставува прашањето дали образованието нуди вештини потребни за идно вработување на младите по завршување на образованието“ – Неда Коруновска, Реактор.

Серијата јавни дебати која денес започна во Тетово носи наслов “Република Млади” и има за цел да промовира заеднички решенија за реформа и обезбедување демократија во младинското организирање и младнските политики. За таа цел, во текот на февруари во 18 градови ќе се чујат аргументирани мислења на средношколци, студенти, дипломирани, вработени, невработени, организации, неформални групи, друштва, институции, компании, подмладоци на партии, медиуми, млади и граѓани.

Дискусиите од дебатите ќе резултираат со Бела книга за поддршка на младите во Македонија, студија која ги дефинира проблемите и предлага решенија и ефективни политики за млади.
____________________________________________________________________________________________________________

REPUBLIKA TË RINJËT- CIKLI I DEBATEVE PUBLIKE

Të rinjët kërkojnë Parlament Rinorë Nacional

47 organizata nga iniciativa për mbrojtjen dhe pjesëmarjen e rinisë, sot më 31 JAN, në Tetovë e organizuan të parën nga 18 Debatet publike për profiling, problemet dhe prioritetet e të rinjëve në Maqedoni. Pasiviteti qytetarë, papunësija dhe çkyçja e të rinjëve nga vendimmarja, ishin temat kryesore për folësit dhe publikun, të cilët diskutuan dhe ofruan zgjidhje.

Formimi I parlamentit nacional rinorë është një ndër zgjidhjet më thelbësore, të cilat organizatat rinore I prezentuan në tetovë, diskusioni vërtetoi se të rinjët janë të interesuar të marin përgjegjësi. Parlamenti rionorë duhet që të jetë trupi më I lart prezantues I të rinjëve në shtet, I cili do ti prezantojë intereat e tyre në proceset e vendimmarjes në nivel nacional. Struktura e tijë duhet që të mundësojë pjesëmarje të të gjithë të rinjëve pa dallim moshe, orientim politik,shoqerim formal ose jo formal si dhe perkatësi etnike, fetare ose perkatësi tjetër.

Më tepër rinistë të më shumë partive politike, diskutuan dhe e përmbajtën idenë për parlamentin nacional rinorë “e përshëndes iniciativën dhe shtoj se edhe ne ishim pjesë e këtij aktivitieti. Për gjatë gjith kohës e japim përkrahjen tonë dhe do ta bëjmë këtë edhe në të ardhmen. Mendoj se të rinjët do të kenë mundësi që të shprehen dhe secili I ri të mund që ta jep kontributin e vet.”-deklaroi Bekim Memeti (kryetar I unionit të forcave rinore të BDI-së)

Seria e debateve publike e cila sot filloi në tetovë mban titullin Republika Të Rinjët, dhe ka për qëllim të promovojë zgjidhje të përbashkët, për reformë dhe siguri për demokraci në organizimim dhe politikat rinore. Për ate qëllim ne vijim të muajt shkurt në 18 qytete do të dëgjohen mendime të argumentuara të nxënësëve, studentëve, të të punësuarve, të papunëve, organizatave, grupeve jo formale, insitucioneve, kompanive, rinisë partiake, mediumeve dhe qytetarëve.

Debatat do të rezultojnë me libër të bardhë për mbështetje të të rinjëve ne maqedoni, studim që I definon problemet dhe propozon zgjidhje dhe politika efektive për të rinjët.

Advertisements
%d bloggers like this: