//
Вие читате...
Uncategorized

Закон за млади – Предлог на 45 младински и граѓански организации

45-те младински и граѓански организации, поддржувачи на иницијативата за одбрана на младинско учество, изработија предлози за изменувања и дополнувања на Предлог-законот за млади.

Предлозите, во форма на пречистен текст на Предлог-законот, ги доставија до Собранието на Република Македонија и до подмладоците на политичките партии.

Пречистениот текст на изменетиот Предлог-закон за млади, на македонски, албански и англиски јазик можете да го преземете тука:

[mk]:  ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИ
[al]: TEKST I SPASTRUAR I ORGANIZATAVE QYTETARE TË PROPOZIM – LIGJIT PËR TË RINJ
[en]: CLEAN TEXT OF THE DRAFT LAW ON YOUTH PREPARED BY CIVIL SOCIETY ORGANIZATIONS

После неколкуте средби и дискусии со подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, младинските организации се подготвени да продолжат да работат во насока на изнаоѓање заеднички ставови и компромиси со цел донесување Закон за млади кој ќе одговара на потребите на сите млади во Република Македонија, без разлика на нивната возраст, политичка ориентација, формално или неформално здружување, етничка, верска или друга припадност.

Advertisements

Дискусија

Коментарите се затворени.

%d bloggers like this: